19/04/2024
Струга

Кривична пријава поради задоволување на полови страсти пред друг

На 23.08.2018 година во 23:00 часот во Полициската станица Струга, штитеничка (14год) во Јавна установа за згрижување на деца и млади со социјални проблеми и нарушено поведение „25-ти мај“ од Скопје,пријавила дека истиот ден околу 16:00 часот непознато лице извршило „други половидејствија“.

Според пријавата, настанот се случил во близина на с. Калишта, Струга. Врз основа на гинеколошоките наоди, не се најдени траги од насилен сексуален однос. По преземените мерки и активности, Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,задоволување на полови страсти пред друг“, казниво по член 190 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.