18/04/2024
Охрид

Кривична пријава за Битолчани краделе во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Е.О.(20), О.Д.(33) и М.О.(21) сите од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела “тешка кражба“ и кривично дело “тешка кражба во обид“.

Во периодот од 07.07.2018 до 24.10.2018 година на подрачјето на Охрид, во маркети, магацин, спортска обложувалница и кафе бар, со употреба на подесен алат и физичка сила делувале на влезните врати, и одзеле парични средства, разни видови на цигари и други колонијални производи, со што се стекналe со противправна имотна корист од 805.000 денари.