29/03/2024
Охрид

Кривична пријава за благајник во Основно училиште во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против К.П.(27) од село Велгошти вработен како секретар-благајник на Основно училиште „Григор Прличев“ во Охрид за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.2 од КЗ на РМ.

Пријавениот искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 21.03.2017 година изготвил две засебни решенија за стекнување на статус на административен службеник и распоредување на работно место со ист архивски број и со ист датум на издавање и го доставил на потпис до тогашната директорка на училиштето со барање на итен потпис заедно со договорите за уште 10 вработени, од кои едното решение гласело дека пријавениот е вработен на неопределено работно време, а другото решение на определено работно време.