19/04/2024
Охрид

Кривична пријава за четири лица кај кои била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на казненото дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Л.Г.(25) од струшкото село Франгово, М.Д.(24) од Струга како и против Р.Т.(30) и П.К.(34), двајцата од Охрид.

Во текот на август 2019 година, Л.Г. набавил поголема количина марихуана и заедно со М.Д. ја сокриле во неговата викендица во селото Горна Белица, а потоа ја препакувале за натамошна препродажба која пријавениот Р.Т. ја вршел на П.К. од Охрид и на други наркозависници.