25/04/2024
ОхридСтруга

Кривична пријава за две лица кај кои била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(34) од Струга и Д.Л.(17) од село Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 03.02.2019 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот, во кое бил и второпријавениот како сопатник, пронашле и одзеле кокаин.