19/04/2024
Охрид

Кривична пријава за две лица кои краделе во станови во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Т.(25) од Прилеп и друго непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторени 12 кривични дела(шест ,,тешки кражби”, три ,,тешка кражба во обид” , две „кражби“ и една „кражба во обид“). Во периодот од 04.07.2018 до 15.08.2018 година пријавените влегле во повеќе станови во Охрид и одзеле разни предмети, со што се стекналe со противправна имотна корист од 686.410 денари.