25/04/2024
Охрид

Кривична пријава за две лица од Коњско кои нападнале полицаец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(27) од село Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”,  ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие” и  ,,загрозување на сигурноста” и против Ѓ.В.(34) од село Долно Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, и ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие”.
На 30.12.2018 година во 03:30 часот пред кабаре на булевар „Туристичка“ во Охрид пријавените физички нападнале полициски службеник.