25/04/2024
Охрид

Кривична пријава за две лица од Пештани поради незаконит риболов

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(33) и Ј.П.(24), двајцата од охридското село Пештани.

На 04.02.2020 година во 18 часот, во близина на селото, полициски службеници ги забележале пријавените при излегување од водите на Охридското езеро а во нивниот чамец, пронашле рибарски мрежи и 52 парчиња риба Охридска пастрмка во вкупна тежина од 28,62 килограми.