19/04/2024
Струга

Кривична пријава за две лица од Велешта кај кои била пронајдена дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Б.(23) и А.Б.(36), двајцата од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 07.07.2018 во село Теферич, струшко, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот, во кое второпријавениот бил сопатник, при што пронашле и одзеле марихуана.