29/03/2024
Струга

Кривична пријава за две лица поради фалсификување исправа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ф.Х.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа”, ,,измама при добивање кредит или друга погодност”, против С.Ш.(61) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа” и ,,употреба на исправа со невистинита содржина” и против Г.М.(45) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа”. Во периодот од 09.05.2016 година до 16.12.2016 година прво и второпријавениот изготвиле лажен договор за купопродажба на патничко возило. После тоа првопријавениот го приложил ваквиот договор во постапка за идентификација на наведеното возило во Бирото за метрологија при Министерството за економија, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.

Потоа, на 22.12.2016 година пријавените изготвиле втор лажен договор за купопродажен на наведеното возило, помеѓу третопријавениот во име на првопријавениот, како продавач и второпријавениот, како купувач, по што второпријавениот ги приложил наведените договори при поднесување на барање за регистрација на наведеното возило.