29/03/2024
МакедонијаСтруга

Кривична пријава за две лица поради извршени кражби во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.Н. (32) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Т.Н. (29) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „помагање“.

Пријавените со употреба на погоден предмет влегле во деловна просторија во Струга од каде одзеле музички систем и електрична опрема, додека во еден случај О.Н. насилно влегол во работилница во Струга и одзел алат. Одземените предмети, тој ги однел во помошен објект, сопственост на Т.Н. На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.