20/04/2024
Охрид

Кривична пријава за две лица поради извршени тешки кражби во викенд куќи во Лагадин и Елешец

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) од Охрид како и против К.А.(38), од Охрид за сторени две казнени дела „прикривање“ и две казнени дела „помагање“.

Тешките кражби, пријавениот С.Ѓ. ги сторил во периодот ноември-декември 2019 година, од повеќе викенд куќи во охридските населби „Лагадин“ и „Елешец“, каде влегувал насилно користејќи подесен алат и прибор. Притоа одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети кои потоа, второ пријавениот К.А. ги транспортирал и сокривал во својот дом.

Судија на претходна постапка, на С.Ѓ. му одреди мерка притвор во траење од осум дена.