28/03/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.М.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство во пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и П.Д.(23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 15.02.2018 година во Охрид, во патничко возило, управувано од второпријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.