24/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кој нападнал полициски службеник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(23) од Охрид. Пријавениот, делото го сторил на 25-ти минатиот месец околу 22,30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид кога не ја почитувал наредбата на полицискиот службеник за запирање на патничкиот автомобил марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал. Тој, продолжил да го управува кон улицата „Карпош војвода“ каде го оставил а потоа излегол од автомобилот и почнал да бега. Набрзо бил пронајден од полициските службеници и при обид за легитимирање тој им спротивставил и физички нападнал еден полициски службеник.