24/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец поради бесправно градење

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Г.Н.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

Пријавениот од 14.10.2017 до 16.10.2017 година изградил хала, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен орган, на имот во село Подмоље, сопственост на Т.З. и Т.Н. од с.Оровник, и на приватна фирма од Охрид.