18/04/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанецот кој нападна полицаец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.Ј.(53) од Охрид.

Тој, на осумнаесетти март оваа година околу 18 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник кој преземал службени мерки по претходен пријавен нарушен јавен ред и мир.