28/03/2024
Струга

Кривична пријава за скопјанка која нелегално градела објект за домување во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправна градба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.М. (36) од Скопје и против правното лице ДООЕЛ „Блуинвест“ со седиште во Струга на ул. „Маршал Тито “ во Струга.

Пријавената, во текот на минатата година, во својство на управител на правниот субјект и инвеститор, на локација во струшката населба „Езерски Лозја“ започнала со изградба на објект за домување. Тоа го направила иако претходно немала обезбедено одобрение за градење од надлежен орган и спротивно на законот за градба.

Од извршен инспекциски надзор од страна на градежен инспектор при општина Струга, констатирано е дека објектот се гради без одобрение и неовластено, по што составен е записник и донесено е решение за отстранување на градбата.