19/04/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кој физички ја нападнал сопругата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А.(40) од село Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

На 10.01.2019 година во село Франгово, во домот на пријавениот, по претходна вербална расправија, тој физички ја нападнал неговата сопруга, по што таа се обидела да избега. После тоа, пријавениот ја заклучил во соба и ја држел три дена.