Кривична пријава за стружанец кој физички нападал 17 годишна малолетничка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.З.(22) од Струга. Тој, на 30.09.2019, на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, физички нападнал 17 – годишна малолетничка, со која претходно бил во љубовна врска, нанесувајќи и повреда.