28/03/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кој физички нападнал судски доставувач

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.Л. (51) од Струга.

Пријавениот, казненото дело го сторил на трети минатиот месец во дворот од куќа сопственост на неговиот брат. Настанот се случил во момент кога лицето Д.Ш. судски доставувач сакал на братот на пријавениот да му достави судска покана. Кога го забележал тоа, пријавениот Р.Л. започнал жестока вербална расправија со судскиот доставувач, упатувајќи му сериозни закани по неговиот живот, потоа му ја одзел поканата и физички го нападнал.