28/03/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кој извршил кражба во угостителски објект во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (29) од Струга.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти декември минатата година во угостителскиот објект „Аква блу“ во Струга. Тој, насилно со употреба на физичка сила, го скршил прозорецот, влегол во внатрешноста на објектот и извршил пребарување, одзел еден телевизор по што избегал.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 6.000 денари.