25/04/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кој ја повредил внука си

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, криминалистичката полиција од Струга до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга.

Пријавениот во дворот на семејната куќа започнал расправија со неговата осум годишна внука, по што изреволтиран, со дрвена летва почнал да ја удира по главата и телото нанесувајќи и телесни повреди.