25/04/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кој не извршил регистрација на риболовни пунктови

Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против М.Ч.(61) од Струга, управител и сопственик на правно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Тој, во периодот од 04.10.2019 до 30.11.2019, постапил спротивно на Законот за безбедност на храна и спротивно на Договорот за концесија на Охридското езеро и не извршил регистрација на риболовни пунктови, без што не смеел да врши промет на уловена риба. Пријавениот, уловената риба, директно ја носел во магацинот на правното лице и во подружницата Охрид како продавница за малопродажба на риба, што е во негова сопственост. На тој начин, се стекнал со противправна имотна корист од 293 276 денари.