Кривична пријава за стружанец кој упатувал закани кон полициски службеници

Надворешната канцеларија Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“.

На 03.04.2018 година во Струга на улицата “Пролетерски Бригади” при преглед и сообраќајна контрола на возило, сопственост и управувано од пријавениот, истиот одбил да го прими издадениот налог и им упатувал закани по животот на двајца полициски службеници.