19/04/2024
Охрид

Кривична пријава за три лица за спроведена јавна набавка во болницата во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи и против Љ.А.(60) од Охрид, поранешен в.д. директор во Општа болница Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во годишниот план за јавна набавка за 2015 година во Општа болница Охрид за јавна набавка на канцелариски материјали биле одобрени 1,8 милиони денари, додека О.Л. изготвила одлука за два милиони денари. По спроведената јавна набавка биле потрошени, 2.186.346 денари, односно 386.346 денари повеќе од предвидената сума, а второ и трето пријавените дозволиле тие да бидат исплатени.