16/04/2024
Струга

Кривична пријава за жител од Јабланица кој физички нападнал шумо-чувар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.Б. (39) од село Јабланица-струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствије“.

Имено на 15.10.2018 година во атарот на село Горно Татеши, при сеча на дрва, тој започнал расправија со Н.А. (53) од Горно Татеши, Струга вработен како шумо-чувар во ЈП-Македонски Шуми, упатувајќи навредливи зборови и закани кон него по што и физички го нападнал.