28/03/2024
Охрид

Кривична пријава за жител од Ропотово кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги“, СВР Охрид против Р.Т.(20) од прилепското село Ропотово, поднесе кривична пријава.

Тој, на повеќе лица од Битола, Кавадарци, Велес и Охрид им продавал опојна дрога марихуана и им овозможил нејзино користење во неговата интернатска соба.