19/04/2024
Струга

Кривична пријава за жител од Велешта поради насилство и кражба во Универзитет во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.Б.(25) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „тешка кражба“. На 08.10.2018 година во 11:00 часот во просториите на „Меѓународен универзитет” во Струга пријавениот физички го нападнал А.К.(40) од Струга, професор на универзитетот, при што му одзел мобилен телефон.