28/03/2024
ДебрцаОхрид

Кривична пријава за жител од Волино кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т. (23) од с. Волино, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурсори”.

На 07.11.2017 година од 14.05 до 16.10 часот во с. Волино, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени 328,86 грама марихуана.