20/04/2024
МакедонијаСтруга

Кривична пријава за жителка од струшкото село Горно Татеши

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.И.(30) од село Горно Татеши, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 17.09.2018 година на социјалните мрежи „Facebook” и „Instagram”, пријавената креирала лажни профили на име на С.З.(36) од тетовско село, со кого претходно била во љубовна врска, по што на нив објавувала компромитирачки фотографии.