18/04/2024
Струга

Кривична за поранешен директор на ЈП „Водовод“ од Делогожда поради даночно затајување

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „даночно затајување“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.З. (35) од струшкото село Делогожда како и против Јавното претпријатие „Водовод“ со седиште во истото село.

Казненото дело „даночно затајување“, пријавениот А.З. го извршил во својство на директор на Јавното претпријатие „Водовод“. Тоа било констатирано од извршената контрола на УЈП кога било утврдено дека пријавениот не извршил навремена уплата на парични средства за ДДВ, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за 204.855 денари. Во текот на минатата година, од извршената контрола врз фактурите на данок на добивка и данок на додадена вредност за период 2015/2016 година, било утврдено дека пријавените, приходите паушално ги евидентирале односно врз основа на наплатени средства, а не врз основа на издадени фактури. Уплатите биле вршени по пошта, а претпријатието не користело фискален апарат.