Кривична за скопјанка, управител на правно лице и правно лице од Струга поради бесправно градење

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.С.(36) од Скопје, управител на правно лице од Струга и против правно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на 2017 година во Струга, во населбата Езерски Лозја, првопријавената, како управител на правното лице и инвеститор започнала со изградба на објект за домување, без одобрение за градење. При инспекциски надзор, од градежен инспектор при Општина Струга, било констатирано дека градбата била без одобрение, по што било донесено решение за отстранување на градбата.