Кривична за жител од кичевското село Србјани кој мачел животни

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „мачење животни“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.А.(41) од кичевското село Србјани.

Тој, во периодот декември минатата до јануари оваа година, извршил злоупотреба на осум коњи негова сопственост со кои вршел дотур на огревни дрвја и ги изложувал на тегобна состојба, користел остар предмет со кој им предизвикал расекотини на главите и не презел мерки за санирање на предизвиканите повреди.