23/04/2024
Македонија

Кривични пријави за пет лица за кражби на возила и друг имот

Секторот за внатрешни работи Струмица – надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против С.Р. (26) од Радовиш, В.Ј. (23) од Радовиш, А.С. (40) од с.Старо Балдовци, струмичко, А.Ш. (24) од Радовиш и А.Ф. од с.Старо Балдовци, Струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле 14 кривични дела.

Пријавените С.Р. и В.Ј. заедно сториле едно кривично дело „кражба“; првопријавениот сам сторил две кривични дела „одземање моторно воизило“ и едно кривично дело „кражба“. Пријавените С.Р. В.Ј. и А.С. заедно сториле две кривични дела „тешка кражба“ и четири кривични дела „тешка кражба“.А.С. и А.Ш. заедно сториле две кривични дела „тешка кражба“.А.С. сам сторил едно кривично дело „кражба“.А.Ф. сторил кривично дело „прикиривање“ а во врска кривично дело „одземање на моторно возило“.

Пријавените ги извршиле кривичните дела во периодот февруари – јули 2018 година на подрачјето на Радовиш (Радовиш, с.Тополница, место викано „Калкан Чешма“ на планината Плачковица и место викано „Гладно Поле“, атар на Радовиш).

Со извршените кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 188.000 денари.