19/04/2024
Охрид

Крводарителска акција на СВР и граничната полиција

Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција Регионален центар Запад, денеска ќе реализираат доброволна крводарителска акција. Полициските и другите службеници, до 13 часот ќе даруваат крв во службените простории над противпожарната единица во Охрид.

Оваа хумана активност претставува продолжување на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената програма на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, предвидени се повеќе вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици.

На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана човечка вредност што живот значи, како и форма за поголемо приближување на полициските службеници кон граѓаните.