20/04/2024
Охрид

Крводарителска акција „Рециклирај се, Дарувај крв“

Црвен крст Охрид во партнерство со Рамстор Македонија, а по повод 13 години од постоење на компанијата, денес 14.11.2018 година, во просториите на Одделот за трансфузија во Охрид организира крводарителска акција под мотото „Рециклирај се, Дарувај крв“.

На овој начин вработените на Рамстор Македонија уште еднаш ќе ја покажат својата хуманост, а компанијата својата висока општествена одговорност.

Соработката на Црвен крст Охрид со Рамстор Македонија се развива и во социјално-хуманитарната сфера што само ја истакнува посветеноста на компанијата за вклучување во општествено одговорни проекти како дополнителна вредност на општеството во кое живееме.

Крводарителската акција започна во 9:00 часот, а истата е отворена за секој хуман сограѓанин.