18/04/2024
Охрид

Куциноски: Нема простор за паника, Студентскиот дом во Охрид не е претворен во карантин

Најавата која произлезе по денешната работна средба со градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески дека доколку е потребно Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе биде пренаменет во објект за изолација и карантин за лесни случаи со корона вирус внесе вознемиреност и паника и кај студентите и кај нивните родители.

„Тргна лавината од реакции, а телефонот не престанува да ѕвони. Јавно изјавувам дека објектот не е претворен во карантин и тоа би бил доколку се појави енормен број на заразени со корона вирус, а во Охрид за среќа нема ниту еден случај засега. Домот работи сосема нормално и нема простор за паника,“ – вели директорот на Домот м-р Жарко Куциноски.