24/04/2024
Охрид

Лајонс клубот Лихнидос од Охрид, 10-годишнината ја слави со изложба „500 години генијалност“, во чест и слава на Леонардо да Винчи

 

Лајонс клуботот Лихнидос, од Охрид, и досега познат по многу иницијативи од непосредна корист за граѓанството, одбра, својата десетгодишнина од постоењето, да ја про слави организирајќи настан и изложба: „500 години генијалност“, во чест и слава на Леонардо да Винчи.

Свеченоста, на која ќе говорот професор д-р Зоран Тунте и галерисотот и добар познавач намликовната уметност, Љупчо Жупан, од галеријата Букефал, е закажана за недела, 12 Мај, со почеток во 18:00 часот, во црквата Св. Богородица Перивлепта, во Охрид.

„Ликовната изложба, под наслов “500 години генијалност”, а и самото одбележување на нашиот скромен јубилеј – 10 години постоење, ги организираме во чест и слава на големиот уметник, истражувач и конструктур, Леонардо да Винчи. Тоа е, всушност, роденденски подарок за нашите охриѓани, но и за целата македонска јавност, како и за бројните туристи, кои во моментов престојуваат во нашиоит убав град,“ вели професор Тунте, од Лајонс клуботот Лихнидос.

Во тремот на црквата, ќе бидат изложени 20 репродукции од најпознатите дела на маестро Леонардо, видео материјал и две провидни фолии, со кои се покажува уште еден скриен елемент на неговата генијалност: ликот на Мона Лиза и автопортретот на Леонардо, целосно се поклопуваат.

Леонардо да Винчи (Leonardo da Vinci) роден е во селото Винчи, Тоскана, април 1452, а починал мај 1519. Живеел и работел во Фиренца, Милано, Рим и Париз.

Тој е познат италијански ренесансен архитект, инжињер, склулптор и уметник, сликар, изумител, анатом и астроном, а се знае дека изработел и нацрти од областа на медицината, кои не се сочувани.

Бездруго, еден од најголемите умови на светската цивилизација, било кога.

Неговото дело, портретот Мона Лиза го започнал во март 1503 и го работел полни 4 години. Подоцна сликата ја купил францускиот крал Франсоа Први и денес се чува во музејот Лувр во Париз.

Денес, Мона Лиза е сигурно најпознатиот портрет, а можеби и воопшто, најпознатата слика на светот, која е предмет на бројни толкувања и уште повеќе репродукции.

Веле Митаноски