28/03/2024
Охрид

Лазаревска: Во фокусот на СДСМ е секој човек, секој поединец

„Во фокусот на СДСМ е секој човек, секој поединец.

Континуирано посветуваме внимание на сите граѓани особено на пензионерите кои го вложиле целиот свој живот и енергија за нашата Татковина.

СДСМ грижата за подобар живот за сите пензионери за нецели три години ја водеше преку овозможување:

– Повисоки пензии

– Достапни лекови во секој период од месецот

-Бесплатни здравствени услуги

– Воведена социјална пензија

– Нега во домашни услови

Дефицитот на пензискиот фонд кој го наследивме е намален, а пензиите за првпат се исплатија без задолжување. Ова го правиме без покачување на старосната граница. Донесовме храбри одлуки и го исполнивме ветувањето дадено пред пензионерите.

СДСМ создава праведно општество кое вистински ја намалува социјалната нееднаквост. Посветени на економските мерки ние се грижиме за достоинствен живот на повозрасните граѓани.


Над 324.000 пензионери добија покачување на јанураската пензија од 722 денари.
Ќе има и дополнително усогласување од 160 до 200 денари . Така до крајот на 2020 година пензиите ќе пораснат за вкупно околу 900 денари.
Сега просечната пензија изнесува 15.500 денари, за три години е зголемена за 1.746 денари. Водејќи сметка за сите катеогрии граѓани воведовме и социјална пензија, која засега ја користат
околу 4 200 лица, кои немаат право на старосна пензија.

Ова значи повисок стандард , поквалитетен живот за повозрасните – оние кои кои го граделе нашето општество.

Ги укинавме месечните квоти на лековите. Нема веќе турканици и долги редови пред аптеките, сега пензионерите не треба да се грижат дека ќе останат без потребната терапија. Лековите се достапни во секое време и во кој бил ден од месецот.

Овозможивме бесплатно болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во земјава. За лица над 65 годишна возраст вакцинацијата против сезонски грип отсега е бесплатна. Здравјето на нашите пензионери е нашиот врвен приоритет. Тие се нечии или наши или Ваши мајки и татковци.

И најновото и многу потребното.

Издвоивме 10 милиони евра за развој на социјални услуги на локално ниво. Поголемиот дел од овие средства ќе бидат наменети за повозрасната лица во социјален ризик. Досега 56 општини побараа средства за развој на нега во домашни услуги на стари лица. Меѓу нив е и општина Охрид.

Воведовме социјална пензија за оние кои ги граделе нашето општество но не оствариле право на пензија. Со ова право досега 4148 лица земаат по 6000 денари месечно а оваа бројка ќе продолжи да расте.

Социјална пензија им следува на лицата кои:

Се на возраст од 65 години

Немаат други извори на егзистенција

Се наши државјани најмалку 15 години

Не примаат старосна пензија.

Ние вистински се грижиме за пензионерите

Со СДСМ заедно сме НА ПРАВ ПАТ.“ – истакна Жаклина Лазаревска, пратеничка во македонското собрание.