24/04/2024
Струга

Лишен од слобода албански државјанин кај кого била најдена дрога

На 21.01.2020 година, по добиени сознанија за вршење на транспорт на дрога од страна на Т.С.(31) од Република Албанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга презеле мерки и активности, при што околу 15.50 часот, Т.С. бил затекнат на автобуска станица во Струга. Веднаш потоа, полициските службеници извршиле преглед на Т.С. и во неговиот багаж била пронајдена кеса со марихуана со тежина од околу 2 кг. која била одземена и пратена на вештачење.

Т.С. е лишен од слобода и задржан во полициската станица Струга за понатамошна постапка.