19/04/2024
Охрид

Лишен од слобода охриѓанец кој се обидел да изврши полов напад врз малолетно девојче

Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против Ф.Ш. (71) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 19.06.2018 година во 15:00 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, Р.А. (46) пријавила дека истиот ден околу 14:00 часот на ул. „Гоце Делчев“ нејзината 11 годишна внука била пресретната од пријавениот, кој почнал да ја влече и да ја бакнува. Девојчето успеало да избега, при што го изгребало по лицето. По преземени мерки лицето било пронајдено и лишено од слобода.