Лишен од слобода жител од Мислешево кај кого бил пронајден кокаин

На 11.02.2020 околу 18:00 часот, полициски службеници од полициската станица Струга на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, од слобода го лишија К.М.(38) од селото Мислешево.

При преглед, кај него пронајдени и одземени се пет пакувања со опојна дрога кокаин.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.