Лишени од слобода двајца охриѓани кај кои била пронајдена марихуана

На 29.05.2020 година, околу 21 часот и 30 минути, во СВР Охрид приведени и лишени од слобода се Н.М. (45) и Е.Ш.(40), двајцата од Охрид.

Тие, се затекнати во патнички автомобил „БМВ“ на улицата „Васил Стефоски“ во кое, при преглед пронајдена и одземена е најлонска кеса со опојна дрога марихуана.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.