29/03/2024
Охрид

Литургии за празниците Успение на Пресвета Богородица и Св. Јоаким Осоговски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 27. Август 2019 година (вторник), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 17:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“.

На 28. Август 2019 година (среда), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. (Едноцрквие)

На 29. Август 2019 година (четврток) во манастирот „св.Климент и св.Пантелејмон“ Плаошник – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Неракотворен образ на Господ Исус Христос и преподобен Јоаким Осоговски“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.