29/03/2024
Охрид

Литургија за празникот Св.мч-чки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30ти септември 2018 година (недела), во катедралниот храм Света Софија – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија.

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата Св. Софија – Охрид (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој празник.