28/03/2024
Македонија

Локализиран пожар во еден од магацините на фабриката Сувенир во Самоков

Во текот на вчерашниот ден, околу 16:00 часот забележана е експлозија во еден од магацините во фабриката Сувенир (која е во приватна сопственост) во с.Самоков во кој се чувало школска муниција.

Од експлозијата настанал пожар во магацинот. Екипа на ТППЕ Македонски Брод заедно со вработените во службата за обезбедување во фабриката пожарот го ставиле под контрола околу 19:45 часот.

Екипа на ТППЕ Македонски Брод превентивно во текот на ноќта останаа да дежура на местото на пожарот.