25/04/2024
Македонија

МААК: Власта ја злоупотребува вонредната состојба

Политичката партија Македонска Акција – МААК испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Изминатиов период сме сведоци на груба злоупотреба на вонредната состојба од страна на техничката влада.

Со што наместо истата да се користи само за состојбата со цел справување со пандемијата од Ковид 19. Истата дели плати на рекетарската организација СЈО, именува свои подобни судии и обвинители врши партиски вработувања, го тероризира народот,селективно се спроведува законот со што врши целосна дискриминација на не заштитените граѓани, ја покачува акцизата на нафтените деривати и цената на бензините.

Затоа Македонска Акција МААК ја осудува одлуката на претседателот за продолжување на вонредната состојба за триесет дена, со што на власта и се дозволува да продолжи да ја злоупотребува својата моќ за истиот период.

Го предупредуваме претседателот дека со оваа одлука станува соучесник во злоупотребите на власта со што истото носи последици.“ – стои во соопштението од МААК.