20/04/2024
МакедонијаСтруга

Мајка ги напуштила своите четири малолетни деца со цел трајно да се ослободи од нив

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напуштање немоќно дете”, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.В. (33) од Струга.

Пријавената, казненото дело го сторила на десетти октомври минатата година со запоставување на својата родителска должност и со напуштање на своите четири малолетни деца. Тоа го направила со намера трајно да се ослободи од нив по што заминала од семејниот дом.