19/04/2024
Охрид

Мајка пријавила физички напад врз нејзиното дете

На 01.07.2019 година, во СВР Охрид, Н.С.(34), пријави нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.Р. врз нејзиниот девет годишен син. Според пријавеното, физичкиот напад се случил на 30.06.2019 година околу 19 часот на спортско игралиште во охридското село Горно Лакочереј.

По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.