17/04/2024
Спорт

Македонија 2:0 Норвешка

Македонската фудбалска репрезентација забележа нова победа. Овој пат, на пријателскиот натпревар на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Македонија славеше со 2:0 против Норвешка.

Македонија беше подобар противник на овој натпревар. Нашите репрезентативци беа поконкретни во текот на целиот натпревар и создаваа повеќе шанси. Во 43 минута Горан Пандев прими одлична длабочинска топка од Алиоски, по што на Пандев не му беше тешко да ја смести во противничкиот гол и да ја доведе Македонија во водство од 1:0 на полувреме.

Во второто полувреме, селекторот Ангеловски изврши повеќе замени и тоа: Во 58 минута на местото од Александар Трајковски во игра влезе Ферхан Хасани; во 69 минута на местото од Горан Пандев во игра влезе Иван Тричковски; во 76 минута на местото од Енис Барди, а во игра влезе Бобан Николов; во 84 минута на местото од Марјан Радески во игра влезе Христијан Тошевски; во 89 минута од игра излезе Езѓан Алиоски, а на негово место влезе Кире Маркоски. Токму Маркоски во последните моменти од натпреварот (90+4) успеа да прими топка која што противничкиот голман неуспешно ја исфрли, па Маркоски ја смести во мрежата на противникот за конечен резултат од 2:0 и победа за Македонија.

WebOhrid